Тетовската полиција привела две лица за можно физичко насилство врз тримесечно бебе. Како што информираат оттаму, случајот во полиција го пријавиле очевидци кои забележале жена како физички го малтретира бебето и го удира на асфалтот.
Жената со иницијали В.М. на 42-годишна возраст од Прилеп со привремен престој во Тетово е приведена вчера во 17:20 часот, а подоцна во 18:30 часот во селото Сараќино приведен е и Б.С. (37).
За случајот се известени социјален работник и инспектор за малолетници.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.




