дома Свет Емисиите на стакленички гасови во економијата на ЕУ се намалени за 17...

Емисиите на стакленички гасови во економијата на ЕУ се намалени за 17 проценти од 2015 година.

Емисиите на стакленички гасови во Европската Унија се намалија за 17,2 проценти во периодот од 2015 до 2025 година, додека економијата на Унијата во исто време постигна раст на бруто домашниот производ од 17,5 проценти, објави денес Евростат.

Според податоците од Европскиот завод за статистика, вкупните емисии од економијата на ЕУ и домаќинствата минатата година изнесуваа 3,3 милијарди тони еквивалент на јаглерод диоксид, што е значително помалку отколку во 2015 година.
Најголем придонес во намалувањето на емисиите имаше енергетскиот сектор, каде што е забележано намалување од 45,3 проценти во споредба со пред десет години.
Значителни намалувања се регистрирани и во рударството, производството, услугите и домаќинствата.
Емисиите се намалија и во земјоделството, шумарството и рибарството, како и во секторот за управување со вода и отпад.
Од друга страна, емисиите од градежништвото се зголемија за 11,4%, додека секторот за транспорт и складирање забележа раст од 10,9%, што укажува на предизвиците во декарбонизацијата на овие сектори од економијата.

На ниво на земји-членки, најголеми намалувања на емисиите постигнаа Естонија, Финска и Германија, додека најголеми зголемувања забележаа Малта, Кипар, Литванија и Романија.

Податоците покажуваат дека 23 од 27 земји-членки на ЕУ ги намалија емисиите на стакленички гасови во последната деценија.
Евростат истакнува дека сите земји-членки на ЕУ постигнаа раст на бруто-домашниот производ во истиот период, што се смета за индикатор дека е можно да се намалат емисиите и да се постигне економски раст во исто време.

ПредходнаАмериканскиот OFAC ја продолжува лиценцата за работа на NIS до 1 јули
СледнаАл Арабија: Меморандумот предвидува траен и целосен прекин на војната на сите фронтови