дома Локално Град Скопје: Кејот на Вардар со нови клупи и урбана опрема за...

Град Скопје: Кејот на Вардар со нови клупи и урбана опрема за подобро урбано искуство

  Кејот на реката Вардар добива нов и поуреден изглед со поставување нова урбана опрема, во насока на подобрување на условите за престој, рекреација и спорт на граѓаните, соопштуваат од Град Скопје.

– На оваа една од најпосетуваните локации во Скопје се поставени нови клупи и корпи за отпадоци, со што просторот станува почист, пофункционален и попријатен за сите посетители – стои во соопштението од Град Скопје.

Паралелно, како што дополнуваат, продолжуваат редовното одржување на кејот и активностите за чистење на коритото на реката Вардар на територијата на Град Скопје.

ПредходнаГерасимовски: По „Киро Глигоров“, фотоволтаици и во училиштата „Коле Неделковски“ и „Гоце Делчев“, пониски сметки за струја и поодржлив Центар
Следна🎬Бостонските пабови се празни – Шкотланѓаните го испиле целото пиво!