Министерството за образование и наука ќе презентира нов проект со кој треба да се развие системски и одржлив механизам за рано препознавање и соодветно постапување при семејно насилство врз деца.

Координатор на проектот е Министерството за образование и наука, а во имплементацијата ќе учествуваат Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, центрите за социјална работа, здравствените и стручните служби, училиштата, Комората на психолози и други релевантни чинители.
На прес конференцијата ќе се обратат министерката за образование Весна Јаневска, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Емилија Бошковска, претставник на Комората на психолози на Македонија.




