Македонскиот рубин добива статус на заштитено национално минерално наследство.
Министерката за енергетика Сања Божиновска соопшти дека е добиено решението со кое се заштитува македонскиот рубин.
Му благодарам на Геолошкиот завод за соработката. Веќе имаме нешто македонско заштитено. Продолжуваме со заштита и на одредени видови мермер, рече Божиновска.
Активностите за заштита на македонскиот рубин почнаа во септември 2025 година.




