дома Локално Ненадејно почина градоначалникот на Брвеница

Ненадејно почина градоначалникот на Брвеница

Почина градоначалникот на Општина Брвеница Јовица Илиевски на 58 години.

Веста за смртта на Илиевски, кој беше градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ја објави премиерот Христијан Мицкоски.

– Функцијата ја разбираше како обврска кон граѓаните, а довербата што ја доби ја оправдуваше со работа, со присуство и со резултати. Беше секогаш меѓу луѓето. Ги слушаше, им помагаше и се бореше за нивните потреби. Затоа граѓаните му ја дадоа довербата и за втор мандат. Ќе го паметиме и како голем вљубеник во спортот, човек со силна енергија, искрен пристап и отворено срце, се вели во објавата на Мицкоски.

И градоначалникот на Скопје се прости од неговиот колега.

– Јоцо, сите сме во шок и неверување. Тешко е да се прифати дека повеќе не си меѓу нас, но уште потешко е да се најдат зборови за човек како тебе. Зад себе остави ведар дух, искрена насмевка, човечност и хумана мисија која допре до многу луѓе. Твојата желба да помогнеш, твојата добрина и твојата присутност ќе останат засекогаш во сеќавањата на сите кои те познаваа, напиша Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.

ПредходнаГалоски со нова трака – Дејвид Гета ја пушташе неколку часа по промоцијата
СледнаРебалансот помина на Влада, буџетскиот дефицит зголемен