„Нашите ИТ специјалисти работеа деноноќно за да го решат проблемот и беа успешни“, изјави портпаролот на компанијата, додавајќи дека услугите сега постепено се враќаат во нормала.
Сите возови застанаа
Претходно, „Дојче Бан“ ги запре сите возови поради прекин на Глобалниот систем за мобилни комуникации за железници, главната алатка за комуникација помеѓу машиновозачите и центрите за контрола на сообраќајот.
„Дојче Бан“ предупредува дека услугите може сè уште да бидат ограничени и дека ќе издава ваучери за такси и хотелски сместување за патниците, како и ќе нуди алтернативен превоз секогаш кога е можно.
Компанијата не соопшти што го предизвикало инцидентот.




