дома Македонија Политика ЗНАМ и Максо највеќе губат во реконструкцијата, ама дефинитивно следувааат големи промени...

ЗНАМ и Максо највеќе губат во реконструкцијата, ама дефинитивно следувааат големи промени и ротации

Се крчка новата влада и  се прават и рокади и пазар. КАко што стојат работите Знам и Максо изгледа најмногу ќе загубат, а  Вреди со вреден пазар. Како што се очекува оние кои ги пакуваат куферите се Борко, Љутков, Филков па и Лимани , Алиу и веќе заминатиот Фетаи. Голем притисок  за Стоиљковиќ да остане како претставник на Србите, но и за него е отворена вратата.

Ротирањата идат вака, Здравство за Правда , ЕУ интеграции за спорт , социјала за култура, дополнително и местото на Иван Стоиљковиќ во министерството за односи со заедниците – ова според информациите на Тв 24 е начално дефинирано по вчерашната средба на премиерот Христијан Мицкоски и двоецот Изет Меџити и Билал Касами.

Долнително во Влен остануват и економија и животна средина кои воопшто не влегле во преговорите за ротации. Иако од Вреди инстирале на образование сепак од ресорот, но и од Весна Јаневска , премиерот бил дециден дека нема намера да се откаже.

Вицепремиерското место за добро владеење оди кај Мицкоски, дополнително останува и вицепремиерското за политички систем, како и без ресорното за Шабан Салиу, кој според информациите на ТВ 24 се очекуа дефинитивно да биде сменет , нешто што премиерот го најави уште откако Салиу беше обвинет за пожарот во Кочани.

Ова значи дека  освен Фатмир Лимани, Игор Филков и Арбен Фетаи од Илинденска број 2 си одат Борко Ристевски, Зоран Љутков и најверојатно Азир Алиу, додека Беким Сали се очекува да ротира.  Според   ТВ 24 сепак иако во Влен веќе планираат експерт за правда , функционер од ВМРО ДПМНЕ вели дека правда е се уште во вакум позиција, иако според него поблиску е да оди кај ВЛЕН, отколку кај нив . Според истиот функционер во реконстрираната Влада на Мицкоски ќе има место и за Демократската партија на Турците . Од друга страна вечерва на средбата со Максим Димитриевски, како што вчера објави ТВ 24 на маса ќе му биде понудата за земјоделство., ресор од кој поради приватни причини ќе си замине и Цветан Трипуновски. За неговата фотелја веќе се споменува името на државниот секретар во министерството .

Вечерва треба да има втор состанок помеѓу тимовите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ и според информациите, на Максим Димитриевски ќе му биде понуден ресорот Земјоделство во замена за ресорот Правда.

Официјално од сите партии само велат дека преговорите се во тек. Мицкоски најави дека очекува на 1 јули предлогот да влезе во Собрание.

 

ПредходнаЕкстрадиран Саит Саитов кој прегази жена во Скопје
СледнаЕден пожар активен, еден ставен под контрола и седум изгаснати