дома Свет Балкан Србија апси .Овојпат маж поради закани кон претседателот, владата и полицијата

Србија апси .Овојпат маж поради закани кон претседателот, владата и полицијата

Властите во Србија уапсија 42-годишен маж под сомнение дека споделувал закани на социјалните мрежи против претседателот на земјата Александар Вучиќ и неговото семејство, членови на владата и полицајци, објави Б92.

По наредба на Специјалниот оддел за борба против високотехнолошки криминал при Врховното обвинителство во Белград, учествуваа службеници од Министерството за внатрешни работи на Србија, Управата за криминалистичка полиција и Службата за борба против тероризмот .

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа и ќе биде однесен во надлежното обвинителство со кривична пријава.

 Потсетуваме дека ова се случува во услови на тековните масовни протести против владата.

Антивладините протести започнаа откако се урна тенда на железничка станица во северниот српски град Нови Сад на 1 ноември 2024 година. Демонстрантите, опозициските лидери и активистите за човекови права велат дека тоа се должи на лошо управување.

Новинарите на удар ! Уредникот на агенцијата Бета повикан на информативен разговор од полиција

Вучиќ и неговите сојузници ги негираат обвинувањата за корупција и репресија врз критичарите и велат дека презеле мерки за казнување на одговорните за уривањето на покривот.

Војниот аналитичар Александар Радиќ е на слобода, обвинителството одлучи да не предложи притвор

Белград ги обвинува демонстрантите за обиди за дестабилизација. 

ПредходнаФранција го сруши рекордот за температура, 72 департмани под црвена тревога
СледнаТрамп: Зеленски се справува доста добро, храбар е