Големиотпожар на депонијата Уборак во близина на Мостар е локализиран Утрово од некои делови сè уште излегува чад, соопшти Професионалната противпожарна служба на Мостар.
Во соопштението се наведува дека од местата каде што пожарот беше изгаснат вчера излегува чад со песок и кал, објави РТРС.
Противпожарната служба наведува дека ова е локацијата каде што во среда избувна нов пожар, предизвикан од палење гуми на депонија за половни автомобилски гуми, веднаш до депонијата за комунален отпад каде што пожарот беше локализиран во вторник.
Пожарникарите и полицијата дежурираа во Уборак синоќа, а утрово во областа на Мостар сè уште се чувствува чад и непријатен мирис.
Градоначалникот на Мостар, Марио Кордиќ, изјави во среда дека е наредена евакуација на жителите што живеат во близина на депонијата Мостар.
Тој рече дека пожарот што избувна во вторник вечерта бил подметнат и дека обвинителството и полицијата се вклучени во истрагата.
Пожарот на депонијата Уборак првпат избувна во понеделник и брзо се прошири на магацините, објектите и опремата за рециклирање, по што поради енормната загаденост имаше вонредна состојба и итна евакуација на најзагорозените




