дома Македонија Политика Филипче: Мицкоски нема одговор на ниту едно прашање затоа посегнува по закани

Филипче: Мицкоски нема одговор на ниту едно прашање затоа посегнува по закани

   Мицкоски нема одговор на ниту едно од суштинските прашања поврзани со проблемите со кои се соочува државата и граѓаните, и затоа, наместо решенија посегнува по закани и навреди се служи со лаги и закани истакна претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју во емисијата „Вин-Вин“, на телевизија Телма.

„Тоа му е само еден дел од фарсата, од циркусот кој што го прави затоа што нема одговор на вистинските прашања кои што му ги поставуваме секојдневно, кои што јас денеска му ги поставив на седницата за пратенички прашања. Мицкоски не одговори на ниту едно прашање. Му наредив бројки кои што тој после во неговиот одговор ги манипулираше. И кога нема одговор на тоа, зошто ништо не направи добро за државата, не го подобрува квалитетот на живот, ја блокираше земјата, тој посегнува по такви закани. Ама тоа се многу сериозни закани“, рече Филипче.

Го блокираше патот кон ЕУ криејќи се задуставнио измени и божемно губење на идентитеот.Сеа со вклучување на дијаспората на следните  избори и дигитално гласање е нова изборна измама која ја подготвуваат вели Филипче.

Тој во интервјуто, упати остри критики до актуелната власт, обвинувајќи ја за деструктивност, недостаток на инклузивност и фокусираност единствено на теснопартиски и лични интереси наместо на ветената реформска агенда.

„Ние се повлековме од приципиелни причини. Ако им беше важна инклузивноста и тоа законот да се донесе со консензус, како што се носел досега, зошто на своја рака го сменија Законот за влада?“,рече Филипче.

Лидерот на СДСМ, во тој, контекст направи споредба со носењето на измините на Изборниот законик во 2018 година наведувајќи дека тогашната Влада предводена од социјалдемократите покажал многу поголем демократски капацитет.

„Тогаш Зоран Заев му даде на Христијан Мицкоски сè што сакаше, целосно почитувајќи ја неговата улога како опозиција. Зошто сега тие се однесуваат толку агресивно?“,кажа Филипче.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија рече оти е загрижен во врска со највите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година, оценувајќи го тоа како можност за изборни манипулации.

„Каква манипулација ќе биде тоа? На што сè се подготвени овие луѓе за да го контролираат системот? Воопшто не им е битна реформската агенда, ниту парите од неа, тие сакаат само контрола“,рече лидерот на СДСМ.

Тој со иронија ја искоментира најавената реконструкција на Владата, нарекувајќи ја чиста козметика која нема да донесе никаква корист за граѓаните, а единствениот мотив за ваквите политички маневри рече дека се личните интереси на функцонерите.

„Тоа е нула во нула, ништо повеќе. Козметичка промена. Кој сектор, која група граѓани почувстува бенефит од оваа влада досега? Буквално ниту една. Што може да се очекува од ротација на луѓе и ресори, освен да се остваруваат нивните лични финансиски интереси? Буквално ништо“,изјави претседателот на СДСМ.

Во интервјуто тој се осврна и на заканите од премиерот Христијан Мицкоски, кој на денешната собраниска седница за пратенички прашања на критиките на Филипче за работата на Владата рече дека „кога луѓето ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе бидат среќни бидејќи правдината дошла“.

Според лидерот на СДСМ, премиерот посегнува по закани и навреди бидејќи нема одговор на ниту едно од суштинските прашања поврзани со проблемите со кои се соочува државата и граѓаните.

Во интервјуто претседателот на СДСМ нагласи дека е недозволиво премиер на една  држава да комуницира со јавноста на начин што не доликува на демократски стандарди и политичка култура.

„Има ли премиер во Европа кој што така се однесува како Мицкоски? Има ли премиер во развиена демократија кој што така си дозволува да се однесува? Прво, кон било кој човек. Не само кон претседател на друга партија или кон пратеник. На што личи тоа? И другиот негов речник – котиња, талог и така натаму“, рече  Филипче.

Тој додаде дека ваквиот начин на комуникација не само што ги деградира политичките противници, туку ги омаловажува и граѓаните, а воедно претставува пресликување на авторитарни политички модели од регионот.

 

ПредходнаОд депонија во зелена оаза, во завршна фаза е мега паркот во Бутел
СледнаМуцунски: Ужасно сум разочаран од одговорот на Софија за објавувањето на нотата од патувањето на семејството на премиерот во Бугарија