Соединетите Американски Држави нема да прифаќаат бегалци врз основа на одлуката на Врховниот суд, изјави заменик-шефот на кабинетот на Белата куќа, Стивен Милер.

„Вратите на Америка се целосно затворени за барателите на азил“, изјави Милер за новинарите, коментирајќи ја одлуката на Врховниот суд, објави АП.
Милер, исто така, ги опиша сите барања за азил на границата како „лажни“.
„ Во секој случај, или станува збор за криминалци или за луѓе кои бараат профит , економски мигранти кои бараат социјална поддршка и други кои пристигнуваат за да се соединат со своите најблиски и така натаму. Но, добрата вест за нив е дека постојат и други земји кои се подготвени да ги прифатат“, истакна претставникот на Белата куќа.
Врховниот суд на САД претходно пресуди дека администрацијата на САД може да го поништи привремениот заштитен статус (TPS) за бегалците од Сирија и Хаити . Во друга пресуда, судот, исто така, пресуди дека мигрантите што пристигнуваат на границата меѓу САД и Мексико немаат право да аплицираат за азил сè додека не ја преминат границата во Мексико, со што им се дозволува на американските гранични агенти да ги вратат назад на границата.




