дома Македонија Притвор од 30 дена за сопругот кој ја уби сопругата од скопски...

Притвор од 30 дена за сопругот кој ја уби сопругата од скопски Таор

Притвор од 30 дена му определи Кривичниот суд на сопругот кој се сомничи дека ја уби својата 48-годишна сопруга од скопско Таор.

Судот го прифати предлогот на обвинителот кој бараше притвор поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и опасност дека би можел да стори ново кривично дело.

– Во прилог на ова, обвинителството особено го имаше предвид видот и тежината на кривичното дело, како и начинот на неговото извршување кој вклучува претходен период на планирање, но и временски период по настанот во кој осомничениот го прикривал телото на оштетената, истовремено создавајќи привидна слика на загрижен сопруг кој активно учествува во нејзиното барање и обидувајќи се да си создаде алиби за да избегне кривичен прогон. Од тие причини, јавниот обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, информираа претходно од Обвинителството.

Оттаму излегоа со детали за случајот.

Притвор бара Обвинителството за сопругот од скопско Таор

 

ПредходнаПоследно збогум за Владо Јаневски во среда на гробиштата во Бутел крај Скопје
СледнаИзмените на Изборниот законик ќе ги поднесат само ДУИ и трите владини партнери