дома Локално Серија влажни бранови носат нестабилно време со дожд и грмежи

Серија влажни бранови носат нестабилно време со дожд и грмежи

Синоптичарите за денес најавуваат сончево и топло време со слаб до умерен северен ветер, а веќе попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер. Наместа ќе има краткотрајно невреме со град.

Утринските температури ќе бидат во интервал од 12 до 22, а дневните од 30 до 38 степени.

Во Скопје, утринската температура ќе се симне до 17 степени, а дневната ќе биде нешто пониска и ќе го достигне 35. степен.

Под влијание на серија влажни воздушни бранови во четврток и во петок времето ќе биде нестабилно, наместа со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Температурите ќе бидат во опаѓање. Во деновите од викендот ќе се задржи посвежо време и ќе дува умерен до засилен северен ветер.

ПредходнаШефот на Сбербанк испраќа предупредување. „Руската економија не може долго да преживее вака“
СледнаРечиси две илјади загинати во Венецуела. Сè уште се наоѓаат луѓе под урнатините