дома Локално Утре повторно ново невреме со дожд, град и силен ветер

Утре повторно ново невреме со дожд, град и силен ветер

Времето утре ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, соопшти УХМР.

Попладне повторно ќе биде нестабилно наместа со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град.

До средината на следната работна седмица следува период на стабилно и претежно сончево време.

Во сабота ќе дува засилен до силен, а во следните денови умерен до засилен северен ветер.

 

ПредходнаХорор во Ченто: 14-годишно момче избодено со нож и претепано до бессознание
СледнаСДСМ: Црна Гора ќе добие 3,2 милијарди евра, а Македонија само 67 милиони