дома Македонија Црна хроника Објавени се првичните причини за смртта на 24-годишната девојка од Македонија во...

Објавени се првичните причини за смртта на 24-годишната девојка од Македонија во стан во Солун

Според новите информации од форензичката обдукција во Грција, на кои се повикуваат медиумите, дефинитивно е отфрлена можноста за насилно одземање на животот.

„Според досегашните информации, при обдукцијата не биле пронајдени знаци кои би укажале на криминално дело. Надлежните органи ги очекуваат резултатите од токсиколошките анализи, кои треба да дадат дополнителни информации и да ја потврдат точната причина за смртта“, пишува грчкиот медиум.

Потрагата по младата девојка, за која во македонските медиуми се појавија неофицијални информации дека е студентка со потекло од Прилеп, заврши трагично откако нејзиното семејство со денови не можело да ја добие на телефон.

Како што пренесуваат медиумите, откако родителите безуспешно се обидувале да стапат во контакт со неа, нејзин близок роднина заминал до станот на улицата „Имвру“ во Солун, каде што морал да влезе преку балконската врата на вториот кат и ја пронашол почината.

Грчките истражни органи соопштуваат дека случајот и понатаму се истражува сè додека не пристигнат комплетните резултати од лабораториските тестирања.

ПредходнаМарта Кос: Уставните измени остануваат неопходен чекор, до 2028 година може да станете нова членка
СледнаМицкоски за Изборниот законик: Наместо да прават политичка гимнастика и естрада, СДСМ и Левица да усогласат текст, ние ќе го прифатиме