дома Бизнис Apple инвестира повеќе од 30 милијарди долари во чипови на Broadcom

Apple инвестира повеќе од 30 милијарди долари во чипови на Broadcom

Американската технолошка компанија Apple ќе инвестира повеќе од 30 милијарди долари (околу 25,5 милијарди евра) во повеќегодишен договор за снабдување со чипови со Broadcom, соопштија денес двете компании.


Договорот, исто така, ќе овозможи проширување на фабриката на Broadcom во Колорадо, објави Ројтерс.
Договорот, кој ќе важи најмалку до 2031 година, вклучува испорака на радиофреквентни FBAR филтри, специјализирани чипови што овозможуваат безжична комуникација во уредите на Apple, кои двете компании заеднички ги развиваат веќе неколку години.
Како дел од договорот, Brodcom ќе инвестира 1,5 милијарди долари (околу 1,28 милијарди евра) во проширување на својот производствен погон во Форт Колинс, Колорадо.
Се очекува фабриката да произведува најмалку 15 милијарди чипови.
Apple соопшти дека договорот е дел од нивната стратегија за зголемување на снабдувањето со клучни компоненти произведени во Соединетите Држави, во согласност со напорите за зајакнување на домашното производство на полупроводници.
Извршниот директор на технолошкиот гигант, Тим Кук, изјави дека компонентите произведени во Колорадо се клучни за перформансите и поврзаноста на уредите на Apple, нагласувајќи дека компанијата продолжува да ја продлабочува соработката со американските добавувачи и да инвестира во домашно производство.

ПредходнаГерманија е подготвена да ги замени САД во НАТО со свои бродови, борбени авиони и беспилотни летала
СледнаTpaмп гo пoништи пpимиpjeтo co Иpaн: Haфтaтa cĸoĸa и ниĸoj нe знae штo e cлeднo