На терасата со Рагуза 360 Rooftop вечерва ќе се одржи осмото издание на винскиот салон „Вино на штикли“, настан кој веќе прерасна во препознатлива градска приказна за виното, стилот, музиката и софистицираното уживање.
И оваа година, настанот ќе понуди богато винско доживување преку внимателно селектирани над 200 вина од домашни и странски винарии.

„Вино на штикли“ е вечер во која виното, гастрономијата, музиката и стилот се спојуваат во едно целосно сензорно искуство. Организаторите најавуваат незбаоравна вечер со вкусни деликатеси, модно изненадување и музичка програма во живо, која оваа година ќе ја збогати Бернарда Бобовечки со акустичен настап.
Настанот останува верен на својата препознатлива енергија да ја слави женственоста, самодовербата, креативноста и љубовта кон доброто вино, но истовремено да биде отворен и за сите џентлмени и вински љубители кои знаат да препознаат префинет вкус, добра етикета и вечер со посебен карактер.




