дома Македонија Економија Мицкоски: Се следи состојбата со цените на горивата, мерките остануваат на располагање

Мицкоски: Се следи состојбата со цените на горивата, мерките остануваат на располагање

  Се следи состојбата со цените на горивата, ќе видиме како ќе се одвива – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој напомена дека економските мерки остануваат на располагање, но не кажа дали ќе се активираат.

Мицкоски: Се следи состојбата со цените на горивата, мерките остануваат на располагањеКако што истакна Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања, Македонија има убедливо најниска цена на горивата и успеа во јуни да има најниско ниво на инфлација од сите држави во регионот.

– Живееме во прилично предизвикувачо време, имаме две сериозни војни. Според последните информации, војната во Залиот повторно се разгорува. За нас е предизвик да имаме навремено и доволно снабдување на граѓаните и бизнисот со енергенти. Обезбедуваме и за луѓе од соседството, кои купуваат гориво тука. Статситички, имаме убедливо најниска цена на горивата, бензините и дизелот, кои се берзански производи и не зависат од претприемачката логика или од политиката на Владата. Сите од иста берза купуваме, но процесот е како го менаџираме од тој момент, додека го користат граѓаните, Тој сеир ќе им го оставам на оние што уште живеат во политчкото мочуриште, како опозицијата и одделни структури кои во Битола се обидуваат од публика да креираат јавно мислење и кои, кога може да направат нешто, не само што ништо не прават туку и уназадуваат. Тие секогаш ќе останат маргиналци – потенцира Мицкоски.

Според него, инфлацијата е еден од сегментите што се случуваат во вакви предизвикувачки времиња.

Мицкоски, кој беше во посета на фабриката „Кромберг и Шуберт“ и на увид во градежните активности за реконструкција на новата училишна зграда на ООУ „Коле Канински“ во Битола, информира и дека автопатот Прилеп – Битола забрзано се гради. Тој очекува многу бргу и реализација на експресното повзрување на Битола со граничниот премин Меџитлија, со што, како што нагласи, максимално ќе се забрза движењето и ќе се растовари градот од метежот. 

ПредходнаВласта не даде поддршка да се востановат државни награди Блаже Конески и Ремзи Несини
СледнаСе менуваат правилата за горивата: Нови стандарди за квалитет и контрола на пазарот