Албанската лига на Зијадин Села денеска во Струга ќе го одржи првото Собрание.

Крилото на партијата Алијанса за Албанците, предводено од Зијадин Села, на партискиот конгрес на 31 мај годинава официјално се преименува во Албанска лига.
На овој собир, Села беше едногласно реизбран за претседател на партијата.




