дома Македонија Политика Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето...

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија

Албанија и ако стане членка на Европската Унија нема да го користи правото на вето против Северна Македонија во процесот на европска интеграција, изјавил албанскиот премиер Еди Рама пред учесниците на кампот „RinCamp 2026“ во туристичкото место Јал, на кој има и млади од Македонија.

Одговарајќи на прашањето на студент од Скопје, дали Албанија ќе стави вето на европскиот пат на Македонија, тој нагласил дека отсекогаш бил против употребата на вето во процесот на проширување на Европската Унија, опишувајќи го како механизам што ја попречува интеграцијата и не служи никому.

-Албанија нема вето да му наметне никому и никаде. Албанија има целосен интерес работите во Северна Македонија да се одвиваат што е можно подобро, Албанија има целосен интерес односите меѓу двата формирачки народа во Северна Македонија, а тоа се Албанците и Македонците, да бидат братски односи и да имаат односи на хармоничен соживот. Постигнат е голем напредок. Демократијата не е прошетка по асфалтиран булевар, туку е пат што има кривини и пресврти. Има подеми и падови, има моменти на тешкотии, но што се однесува до нас, ние го сакаме најдоброто за Република Северна Македонија, рекол меѓу другото Рама.

Додал дека отсекогаш бил на мислење дека ветото во евроинтегративиот процесот не му служи никому.

-Тоа се заложнички и во суштина се неконструктивни и не се корисни за приближување на земјите кон ЕУ. Да се ​​наметне вето на патот кон отворање преговори, не е европско, нагласил Рама, објави АТА.

Предходна„3 недели подоцна“ ја освои наградата на Europa Cinemas Label во Карлови Вари
СледнаПогрешен превод на натпис под сликата на Дева Марија станува тема на социјалните мрежи