дома Македонија Под притисок на јавноста, решен случајот со младата кумановка

Под притисок на јавноста, решен случајот со младата кумановка

По објавата на Инстаграм, младата кумановка Меланија Цветковска успеа да го реши проблемот со семејното насилство и сместувањето на нејзиниот татко алкохоличар. Како што јавува „Слободен печат“ нејзиниот татко кој беше сместен во кумановската болница се транспортира во болницата во Демир Хисар. Според информации на „Слободен печат“ пациентот е транспортиран во оваа институција и по интервенцијата од висок владин функционер чија област воопшто не е здравството.
Меланија во објава на Инстаграм јавно побара помош бидејќи со денови биле одбивани таткото кој е алкохоличар и кој се заканувал дека ќе ги убие, да биде згрижен во психијатриска болница на лекување.
Овој случај уште еднаш потврди дека институциите и службите повторно затаија и дека граѓаните се оставени сами на себе. Медиумите ја завршија својата работа и под притисок на јавноста случајот е решен. Но, останува отворено прашањето – до кога институциите ќе останат пасивни и нема да го слушаат крикот на граѓаните кои се наоѓаат во вакви ситуации?

ПредходнаНевремето принуди авион наместо на Скопски да слета на Приштинскиот аеродром
СледнаМВР објави па избриша фотографија направена со ВИ