ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека во денеска, 13 јули, делови од градот ќе останат без вода поради дефект на водоводна цевка.

Како што соопштуваат од претпријатието, станува збор за дефект на водоводна цевка со пречник Ф250 милиметри на улицата „Македонска Косовска Бригада“ бр. 23А, зад зградите кај Аквадукт.
Поради интервенцијата, од 8:30 часот без вода ќе останат дел од корисниците на улицата „Македонска Косовска Бригада“, на потегот од бензинската пумпа „Макпетрол“ до подвозникот во Шуто Оризари, како и жителите на улицата 11, касарната „Илинден“ и Трговскиот центар „Поинт“.
Од ЈП „Водовод и канализација“ посочуваат дека водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршувањето на санацијата на дефектот. објави Скопје1.мк




