дома Локално Градоначалникот Ѓорѓиевски: Најдоброто од Скопје ќе одекне во Њујорк

Градоначалникот Ѓорѓиевски: Најдоброто од Скопје ќе одекне во Њујорк

-„Денес во посета ми беше оркестарот при СУГС Гимназија „Орце Николов“ – млади талентирани музичари кои, иако оркестарот е формиран во 2024 година, за исклучително кратко време бележат сериозни успеси и освојуваат значајни домашни и меѓународни признанија.

Тие се огромна гордост за сите скопјани, но и вистински амбасадори на Македонија, на македонската музика, култура и традиција.

За нивната посветеност говорат бројните хуманитарни концерти, како и освоените први награди за најдобар средношколски оркестар во Македонија.

Круна на нивниот досегашен успех е освоеното прво место со почесни заслуги – „First Prize with Honors“, на Меѓународниот натпревар во Њујорк, каде што се претставија со репертоар целосно заснован на македонската народна музика.

Со ова големо признание, оркестарот доби и официјална покана за концертни настапи во престижни сали во Њујорк, САД, на 5 и 6 септември оваа година.

Ова е успех со кој сите мораме да се гордееме!

Градот Скопје и јас, како градоначалник, ќе бидеме нивна силна поддршка во остварувањето на овој голем сон.

Нивниот настап во Њујорк ќе биде радост и гордост за Скопје и за цела Македонија.

Дечки, продолжете храбро и достоинствено!

Претставувајте ги Македонија, македонската песна и нашата богата традиција во најдобро светло.

Исклучително сме горди на вас!”, напиша градоначалникот во својот Фејсбук пост.

ПредходнаЕУ бара од САД да ослободат стотици европски производи од царини
СледнаМицкоски за пресудите за „Талир“: Конечно правдата е задоволена