дома Македонија Политика Седница на Економско-социјалниот совет

Седница на Економско-социјалниот совет

Седница на Економско-социјалниот совет

 Економско-социјалниот совет (ЕСС) денеска треба да одржи седница.

Заменик-министерот за економија Марјан Ристески вчера најави дека ќе бидат разгледувани неколку точки, меѓу кои годишната програма за работата на ЕСС, а Министерството за образование ќе го презентира новиот закон за високо образование.

На дневен ред не се мерките за амортизирање на состојбата со цените на храната и горивата, но, сепак, како што рече, не е исклучено да се разговара и за тоа.

Економско-социјалниот совет го сочинуваат 12 членови, по четири од Владата, од репрезентативниот синдикат и од репрезентативното здружение на работодавачи на национално ниво.

ПредходнаСончево и топло со температура до 38 степени, попладне наместа можен дожд и грмежи
СледнаВо Собранието ќе заседаваат пет комисии Во Собранието ќе заседаваат пет комисии – Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија. Од Фатиме Фазљији 07:13, 16 јули, 2026 Facebook Twitter Whatsapp Во Собранието ќе заседаваат пет комисии Скопје, 16 јули 2026 (МИА) – Во Собранието ќе заседаваат пет комисии – Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија. Пред членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка. На Комисијата за образование, наука и спорт е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена постапка. На Комисијата за финансирање и буџет е Предлог на законот за изменување на Законот за супервизија на осигурување, по скратена постапка Пред членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за автокампови, по скратена постапка. На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, Предлог на законот за изменување на Законот за супервизија на осигурување и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за автокампови, сите по скратена постапка.