дома Македонија Политика На покана од Рубио, Муцунски во Вашингтон на министерска конференција „Подемот на...

На покана од Рубио, Муцунски во Вашингтон на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам

  Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио, денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Вашингтон, каде што ќе учествува на министерска конференција посветена на заканите од политичкиот тероризам.

На покана од Рубио, Муцунски во Вашингтон на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“Состанокот, како што соопшти МНРиНТ, ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, со цел унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на институционалната подготвеност за справување со современите форми на политички мотивирано насилство и тероризам.

Во фокусот на разговорите ќе бидат транснационалниот карактер на политичкиот тероризам, радикализацијата во дигиталната ера, како и потребата од зајакната меѓународна координација во превенцијата и раното препознавање на заканите.

ПредходнаВо Собранието ќе заседаваат пет комисии Во Собранието ќе заседаваат пет комисии – Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија. Од Фатиме Фазљији 07:13, 16 јули, 2026 Facebook Twitter Whatsapp Во Собранието ќе заседаваат пет комисии Скопје, 16 јули 2026 (МИА) – Во Собранието ќе заседаваат пет комисии – Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија. Пред членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка. На Комисијата за образование, наука и спорт е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена постапка. На Комисијата за финансирање и буџет е Предлог на законот за изменување на Законот за супервизија на осигурување, по скратена постапка Пред членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за автокампови, по скратена постапка. На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, Предлог на законот за изменување на Законот за супервизија на осигурување и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за автокампови, сите по скратена постапка.
СледнаГерманија ќе ја намалува бирократијата