дома Свет Химна на поранешна Источна Германија на митинг на десничарската АфД

Химна на поранешна Источна Германија на митинг на десничарската АфД

Лидерот на десничарската Алтернатива за Германија (AfD) и главен кандидат на партијата на покраинските избори во Саксонија-Анхалт ја отпеа химната на поранешната, социјалистичка Источна Германија (ГДР) на предизборен митинг.

Копретседателот на AfD, Тино Крупала, и Улрих Зигмунд, пееја заедно со неколку стотици поддржувачи во Десау-Рослау.

На крајот од митингот, всушност требаше да се пее германската национална химна, но кабаретскиот уметник Уве Штајмле наместо тоа ја започна источногерманската национална химна „Auferstanden aus Ruinen“ (Ауферстанден аус Руинен).

Крупала и Зигмунд се насмевнаа и делумно ја отпеаја химната на ГДР заедно со навивачите. После тоа ја отпеаја и германската химна.

Изборите во Саксонија-Анхалт се на 6 септември. АфД има убедливо водство на анкетите.

DPA

ПредходнаГерманија ќе ја намалува бирократијата
СледнаМаж пукал и извикувал исламски слогани на улица