дома Македонија Од почетокот на јули потврдени 10 жаришта на сипаници кај овците и...

Од почетокот на јули потврдени 10 жаришта на сипаници кај овците и козите

Од почетокот на јули на територија на државава потврдени се вкупно 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози.

Според информациите на Агенцијата за храна и ветеринарство, болеста е потврдена во одгледувалишта во населеното место Саса, општина Македонска Каменица, село Соколарци, општина Чешиново – Облешево, село Бигла, општина Делчево, села Малино и Косевица, општина Свети Николе и село Сопот, општина Куманово. 

Вкупниот број на жаришта на територија на цела држава од првото потврдено жариште кон крајот на јануари во кумановското село Лопате до денес изнесува 17 со вкупно над 2.700 животни. Болеста е потврдена во 15 одгледувалишта на овци и 2 одгледувалишта на овци и кози.

– По добивањето на согласност за локација за закопување на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи со депопулација на животните во новопотврдените жаришта во Македонска Каменица, Делчево и Свети Николе. До сега Агенцијата изврши депопулација (убивање на животните во одгледувалиштата) на над 1.400 животни, а во текот на денешниот ден Агенцијата спроведе депопулација на одгледувалиштето во с. Сопот, општина Куманово со примена на механички метод за евтаназија на животните, информира АХВ.

Предходна„Држи се за мене” во режија на Мирсини Ариститиду награден за најдобар филм на 5. издание на „Преку езерото”
СледнаОтфрлено е обвинението против Латас, обвинителот го повлекол обвинението