дома Магазин Сопругата на Меси ја засени Викторија Бекам: Се појави на многу важен...

Сопругата на Меси ја засени Викторија Бекам: Се појави на многу важен настан и го привлече целото внимание

Антонела Рокуцо ја поддржа Викторија Бекам на ексклузивното отворање на нејзиниот нов моден бутик во Мајами, блескајќи во елегантно издание.

Додека Лионел Меси и аргентинската репрезентација се подготвуваа за полуфиналето на Светското првенство во фудбал против Англија (во кој ја урна Англија и се пласираше во финалето), неговата сопруга Антонела Рокуцо накратко го замени фудбалот со модата. Во Мајами, таа присуствуваше на ексклузивен настан организиран од Викторија Бекам по повод отворањето на нејзиниот нов бутик.

Антонела беше меѓу гостите на отворањето на бутикот „Куќата ба Викторија“ (House of Victoria) во луксузниот трговски центар Бал Харбор шопс, каде што ја поддржа поранешната членка на групата „Спајс грлс“, а денес успешна модна дизајнерка.

 За оваа пригода, сопругата на аргентинскиот фудбалски ас избрала елегантен фустан во зелено-сина боја кој ја истакнувал нејзината прекрсна фигура, а пред продавницата позирала со Викторија Бекам. Фустанот што го носела Антонела е креација на Викторија.

За отворањето на својот прв самостоен поп-ап бутик во САД, Викторија облекла прекрасен сатенски фустан во боја на шампањ со суптилен сјај. Во такво издание, таа ги пречекала гостите на настанот, кој собрал многу познати лица од светот на модата и забавата.

По вечерта, Викторија Бекам споделила фотографии од отворањето на социјалните мрежи и им се заблагодарила на сите што дошле да го поддржат нејзиниот нов проект.

„Голема благодарност до сите што дојдоа со нас да го прославиме отворањето на нашиот простор во Бал Харбор шопс. Каква неверојатна ноќ!“, напишала модната дизајнерка.

Антонела објавила фотографии од настанот и на Инстаграм, каде што има повеќе од 40 милиони следбеници, со пораката: „Го славиме новиот дом на Викторија Бекам во Мајами. Ти посакувам сè најдобро.“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antonela Roccuzzo (@antonelaroccuzzo)

Викторија ѝ одговорила со благодарност: „Ти благодарам што беше со мене на прославата.“

Во коментарите се нижеле комплименти за изгледот на Антонела, а нејзините следбеници ја опишувале како елегантна и прекрасна.

Дејвид и Викторија Бекам и Лионел Меси се зближија откако аргентинскиот фудбалер пристигна во Интер Мајами во 2023 година.

Дејвид Бекам, ко-сопственик на клубот, одигра важна улога во неговото пристигнување во МЛС лигата, каде што Меси денес е капитен на тимот. Оттогаш, двете семејства често се гледаат заедно на натпревари, приватни настани и добротворни настани во Мајами, а нивното пријателство стана едно од најпознатите меѓу спортските и јавните личности во градот.

 

ПредходнаУставниот судија Гоце Наумовски поднел оставка, Уставниот суд нема официјална потврда од него
Следна26 граѓански организации бараат итно запирање на постапките за нови геолошки концесии