дома Македонија Министерот за култура со албанско знаме на маса го пречека австрискиот амбасадор

Министерот за култура со албанско знаме на маса го пречека австрискиот амбасадор

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани денеска се сретнал со автрискиот амбасадор Мартин Памер, но она што привлече внимание на фотографиите е дека на масата покрај другите знамиња е ставено и албанското знаме.

         За средбата информираше Министерството за култура, но и самиот министер за култура. Во објавата на Фејсбук на министерот за култура стои фотографијата каде се гледа албанското знаме, а на објавата од Министерството за култура ја нема таа фотографија. Дел од медиумите објавија дека спорната фотографија првично била објавена од Министерството за култура, но потоа е избришана.

Според законските прописи, во органите на централната власт не се истакнуваат знамиња на етничките заедници. Тоа е ограничено во општините каде може да се истакне по јасно определени усови. Знаме на етничка заендица може да се истакне само во општините каде припадниците на таа заедница сочинуваат над 50 проценти од населението (или во случаи над 20 проценти каде Советот на општината донел таква одлука).

ПредходнаЕУ да биде стабилна затоа нови правила преку нон-пејпер за аспирантите