Седум лица загинаа, а 24 се повредени во напад на украински беспилотни летала врз логистичкиот центар на компанијата „Вајлдберис“ во градот Котовск во Тамбовската област, изјави денес регионалниот гувернер Евгениј Первишов.
Первишов на својот Телеграм канал изјави дека вработените во ноќната смена загинале откако беспилотните летала го погодиле логистичкиот центар на компанијата, објави ТАСС.

Според него, прелиминарните податоци покажуваат дека 24 лица се повредени, а повредените се згрижени во медицински установи во Котовск и Тамбов.
Гувернерот додаде дека отворениот пожар во магацинот е изгаснат и дека напорите за целосно гаснење на пожарот сè уште се во тек.
Екипи за итни случаи, пожарникари, припадници на Министерството за вонредни ситуации и полицијата се на местото на настанот.




