Стотици позлатени статуетки на Волфганг Амадеус Моцарт беа поставени во неговиот роден град Салцбург по повод 270-годишнината од раѓањето на славниот композитор, јавуваат австриските медиуми.
Мини скулптурите високи 50 сантиметри, дело на германскиот концептуален уметник Отмар Хорл, го прикажуваат Моцарт со неговото куче Пимперл.
Тие беа нарачани од фондацијата „Моцартеум“, која организира концерти, ги одржува музеите на Моцарт и финансира истражувања поврзани со музичкиот гениј роден во Салцбург во 1756 година.
Фигурите биле поставени во градината каде што Моцарт порано шетал, во неговиот поранешен стан и на други позиции низ целиот австриски град на границата со Германија, според австриската јавна телевизија ORF.
„Не сакав да направам уште еден споменик на Моцарт, бидејќи веќе има многу такви, туку сакав да ја покажам неговата човечка страна, дека, и покрај неговата генијалност, тој беше обичен човек“, рече Хорл.
Фондацијата му нарачала 400 статуетки, а некои се чуваат во складиште за да ги заменат оние што би можеле да бидат украдени.
Два веќе се украдени, а оние што ги сакаат како сувенири можат да ги купат за сто евра.




