дома Македонија Дрога и ладно оружје пронајдени во угостителски објекти во Тетово

Дрога и ладно оружје пронајдени во угостителски објекти во Тетово

Во угостителски објекти во Тетово ноќеска пронајдени се дрога и ножеви. Приведени се четири лица.

Министерството за внатрешни раоти информира дека од задната страна на угостителски објект пронајдени се две кесиња со бела прашкаста материја.

При контрола на други објекти, приведени се А.А. (23) од с. Ново Село, затоа што ги омаловажувал полициските службеници, а Е.Р. (29) од с.Камењане, С.А. (24) од Гостивар и С.Ј.(59) од с.Голема Речица се приведени затоа што кај нив се пронајдени ножеви.

Контролата е спроведена во периодот од 23:30 до 02 часот.

ПредходнаСтотици позлатени статуетки на Моцарт поставени во Салцбург за големата годишнина
СледнаСо повеќе спанаќ и кељ за посилни бели дробови