дома Магазин СРАМНО. НА крајот, аргентиците удираа боксови заради изгубената титула

СРАМНО. НА крајот, аргентиците удираа боксови заради изгубената титула

Голем инцидент го засени крајот на финалето на Светското првенство, откако аргентинскиот репрезентативец Леандро Паредес влезе во физичка пресметка со двајца шпански фудбалери по поразот од 1-0 од Шпанија.

Според снимките што се појавија по натпреварот, Паредес најпрво го удри Ерик Гарсија, а кога Гави се обиде да ја смири ситуацијата, аргентинскиот играч за врска тргна и кон него, предизвикувајќи хаос на теренот веднаш по последниот судиски свиреж.

Главниот судија реагираше со директен црвен картон за Паредес по завршувањето на натпреварот, но се очекува ФИФА дополнително да го разгледа инцидентот и да донесе одлука за евентуална подолга суспензија.

Шпанските фудбалери останаа во неверување поради однесувањето на аргентинскиот репрезентативец. Наместо вообичаените сцени на спортско честитање по финалето, мечот заврши со турканици и физички напад што предизвика бројни реакции.

Особено внимание привлече инцидентот со Гави, кој неодамна се врати на терените по тешка повреда и беше меѓу оние што се обидоа да ја смират ситуацијата.

ПредходнаГостивар се бори со епидемија, причината ќе биде позната денес
СледнаWP: САД планираат да ја прошират војната против Иран, ќе биде ограничена поради намалени залихи