дома Македонија Политика НЕ криеме информации, но треба да се произнесе и обвинителството

НЕ криеме информации, но треба да се произнесе и обвинителството

 

Портпаролката на Владата, Марија Митева, министерот за здравство, Сашо Клековски, директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска за случувањата во Гостивар и итните мерки кои се превземаат.Никој нема да биде оставен на цедило и секако мора да се дефинира одговрноста и причината.

 

Во ниеден момент немало криење информации од Министерството за здравство за состојбата во Гостивар – изјави денеска министерот за здравство, Сашо Клековски.

– Јас бев првиот што во саботата информирав дека првите случаи се регистрирани на 13 јули. Министерството за здравство и јас ќе продолжиме транспаретно да ги соопштуваме податоците бидејќи немаме што да криеме – рече Клековски на денешната прес-конференција во Владата.

Првата службена информација за случувањата во Гостивар до Министерството за здравство е пристигната во петокот во 13 часот.

Досега, како што соопшти, имало речиси 3.100 здравствени контакти од Здравстветниот дом, Општата болница, телефонски јавувања и интервенции на брзата помош.

Првиот преглед е направен на 14 јули, а на 19 јули првпат е забележано намалување на бројот на приеми.

Клековски соопшти дека денеска ќе заседава и Комисијата за заразни болести, која ќе излезе со соодветни препораки

ОД прес конференцијата во владата е побарано да обвинителството да лоцира одговороност.

Резултатите за водата во Гостивар направени од Институтот за јавно здравје во текот на денот ќе бидат испратени до Јавното обвинителство, соопшти директорката на ИЈЗ Марија Андоновска на прес-конференцијата во Владата.

– Не е важно само да се одреди причината, туку што е најважно да се утврди одговорноста. Никој не смее да го загрозува здравјето на граѓаните. Како Институт продолжуваме да ја следиме епидемиолошката ситуација, рече Андоновска.

На барање на новинарите да се каже која е причината за ситуацијата во Гостивар, министерот Клековски рече дека кога Јавното обвинителство ќе даде согласност да се објават резултатите, тие ќе бидат објавени.

– Испитувањата се направени на барање на Обвинителството и кога тоа ќе даде согласност јавно да се соопшти, ќе ги соопштиме резултатите. Не сакаме да се мешаме во истрага, рече Клековски .

ПредходнаСуспендирана директорката на гостиварски Комуналец
СледнаРичард Гир го гледаше финалето на Светското првенство со сопругата и синот, таа објави фотографии