Сојузот на синдикати пресмета дека минималните трошоци на четиричлено семејство во јули изнесувале 68.498 денари, а со изнајмен стан од 60 квадрати 83.873 денари.
Според денеска објавените податоци, речиси половина од синдикалната кошничка оди за храна и режиски трошоци. Само трошоците за храна се приближно до законски утврдената минимална плата.
Во однос на јуни, вредноста на синдикалната минимална кошничка е намалена за 156 денари.




