
Фотографија: Премиерот Марк Филипс/Фејсбук
Едгил, исто така, откри дека капетанот и најмалку еден член на екипажот биле позитивни на канабис. „Имаме нулта толеранција за консумирање алкохол или дрога на работното место. Фактот дека капетанот бил позитивен на тестот е многу сериозен“, рече министерот и потврди дека капетанот и неколку членови на екипажот се во полициски притвор.
„Потона за само неколку секунди“
„МВ Барима“, брод долг 40 метри изграден во 1939 година, исплови од главниот град Џорџтаун во сабота попладне кон Порт Кајтума на северот од земјата. Повик за помош беше упатен во 23:01 часот по локално време, што предизвика операција за спасување.
Преживеаната Елена Мунсами за локалните медиуми изјави дека фериботот одеднаш се навалил откако бил удрен од голем бран. Водата веднаш почнала да навлегува и, според неа, бродот потонал за неколку секунди.
Мунсами се спаси држејќи се за кутија што лебдеше. Во хаосот, таа се обиде да се држи за раката на своето двегодишно дете, но брановите ги разделија. Таа раскажа како успеала да ѝ помогне на друга жена, влечејќи ја кон кутијата за која се држеше.
Меѓу вкупно 69 спасени имало 15 деца.
„Наш приоритет останува потрагата по луѓе. Сè уште имаме надеж“, рече премиерот Филипс. Приватни бродови, заедно со владини тимови, исто така учествуваа во спасувачката операција, извлекувајќи најмалку 17 преживеани од морето. Меѓу 69-те спасени имаше и 15 деца.
Француската војска, исто така, помага во потрагата, испраќајќи тим од 12 нуркачи, двајца лекари и еден механичар од соседната Француска Гвајана на североисточниот брег на Јужна Америка. Министерот за здравство Франк Ентони изјави дека тројца преживеани се лекуваат во болница со полесни повреди, додека другите се пуштени дома. Повеќето од преживеаните имаат исеченици и модринки од часовите држење за пловечките остатоци.





