Забраната за некористење на водата за пиење во Гостивар останува додека со анализи не се потврди нејзината безбедност, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов кој се надева дека во најбрз можен рок гостиварци ќе добијат технички исправна вода за пиење.
Миланов повтори дека водата не е ниту за пиење, ниту за подготвување храна. Нагласи дека веќе и е наложено на Општината да изврши дехлорирање и деарсенизација.
Истовремено, како што посочи Миланов, продолжуваат вонредните инспекциски контроли во Гостивар на објектите за приготвување на храна.
Последниот извештај за квалитетот на водата, според Миланов, е од 13 јули од Центарот за јавно здравје од Гостивар кога водата била безбедна за пиење.




