дома Македонија Економија Не се знае колку нафтени резерви имаме – Агенцијата не доставила извештаи...

Не се знае колку нафтени резерви имаме – Агенцијата не доставила извештаи за четири години

Агенцијата за задолжително нафтени резерви нема доставени одлуки за количината и структурата за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, утврдил Државниот завод за ревизија при направената ревизија на оваа државна институција.

Declining chart of crude oil barrels

Ревизорите забележуваат и дека има нерешена позајмица од 2017 година за Министерството за одбрана од 600.000 килограми мазут со што се намалени државните резерви.
– Со одлуки на Влада, Агенцијата (тогашна Дирекција за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати) издала краткорочна позајмица од 600.000 килограми мазут од задолжителните резерви на Министерството за одбрана за непречено остварување на функциите на Армијата, со обврска, позајмените количини да се вратат до 31.12.2017 година. Количините и во текот на 2025 година не се вратени од Министерството, поради што за издадените количини, искажано е побарување од Министерството во износ од 16.714.000 денари (271.000 евра н.з.), согласно вредноста на нафтените деривати утврдени со одлука на Регулаторната комисија за енергетика во периодот на нивно издавање, наведуваат ревизорите.

ПредходнаИнспекции во Гостивар по загадувањето на водата
СледнаХоџа: Одржувањето на водоводните системи е обврска на општината и на комуналните претпријатија