Маж нападнал и повредил двајца туристи во близина на Акропол во Атина, објави „Катимерини“.
Жртвите, маж и жена, се американски државјани од грчко потекло. Инцидентот се случил во близина на влезот на Музејот на Акропол.
Жената претрпе полесни повреди на ногата. Мажот беше потешко повреден. Двајцата беа хоспитализирани.
Сторителот е приведен. Мотивот за нападот се разјаснува.




