дома Македонија Политика СДСМ: Кочовска призна дека без ребалансот, државата наскоро нема да има пари...

СДСМ: Кочовска призна дека без ребалансот, државата наскоро нема да има пари ни за основните обврски кон граѓаните

Владата на Мицкоски денеска преку министерката за финансии, Кочовска го претстави ребалансот на буџетот како „развоен“, а не како „кризен“. Меѓутоа, самата Кочовска призна дека ребалансот е потребен за да се обезбеди редовна исплата на плати, пензии и социјални надоместоци, се вели во соопштението од СДСМ.

„Со други зборови, без овој ребаланс, државата наскоро нема да има пари ни за основните обврски кон граѓаните.

Ова е директно признание за катастрофалната економска политика на ВМРО-ОКГ.

Наместо да признаат дека буџетот е празен поради нивното расипништво, задолжувања и криминални тендери, тие се обидуваат да го претстават ребалансот како нешто нормално и развојно.

Реалноста е поинаква: по две години власт, ВМРО-ОКГ е принудена да прави ребаланс за да не дојде до блокада во исплатата на платите и пензиите.

Ова е резултат на нивната неспособност, лажни ветувања и економска политика која ја турка Македонија во финансиска криза.

Граѓаните не треба да бидат измамени со зборови како „развоен ребаланс“. Ова е ребаланс на криза која самите ја создадоа.

ВМРО-ОКГ дојде на власт ветувајќи подобар живот, а сега признава дека без нови задолжувања и ребаланс, нема да може да ги исплаќа ниту платите, ниту пензиите.

Тоа е вистинското лице на оваа криминална власт“, велат од СДСМ.

ПредходнаМаж нападнал двајца туристи со нож во близина на Акропол во Атина
СледнаТрагедија го потресе регионот: Четиригодишно момче се удави во аквапарк