дома Локално По вчерашното невреме, денес облачно со повремено засилен ветер

По вчерашното невреме, денес облачно со повремено засилен ветер

По невремето што вчера зафати делови од државата за денеска синоптичарите најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната од 27 до 33 степени.

Во Скопје, во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Под влијание на серија влажни и нестабилни воздушни маси, до петок времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град. Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне.

ПредходнаУХМР: Нестабилноста се намалува, само врнежи во северните и централните делови
СледнаДелови од Припор и Центар денеска без вода