дома Македонија Ден по невремето – 117 оштетени возила, 35 кровови, 7 семафори, 15...

Ден по невремето – 117 оштетени возила, 35 кровови, 7 семафори, 15 повредени граѓани

Министерството за внатрешни работи доцна синоќа информираше за последиците предизвикани од краткото но интензивно невреме што го зафати Скопје.

Според информациите на МВР, до 22 часот синоќа биле евиднетирани 117 оштетени патнички возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари и 15 повредени лица.

Дополнително, оштетени се повеќе објекти од витално значење, меѓу кои објектите на ОЈО ГОКК, комплексот „Вила Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и објектите на Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Јавното обвинителство.

На ГП Меѓународен аеродром Скопје, поради протекување на кровот беше предизвикан прекин на работењето на излезот од државата во траење од околу час и половина.

На подрачјето на СВР Куманово пријавени се девет оштетени возила и три оштетени кровови.

На подрачјето на СВР Тетово евидентирани се три оштетувања на патнички возила и две оштетувања на кровови, додека на подрачјето на Гостивар нема пријавени оштетувања ниту повредени лица.

На подрачјето на СВР Велес пријавени се две оштетувања на патнички моторни возила предизвикани од паднати дрвја.

На подрачјето на СВР Струмица пријавени се паднати електрични столбови во селата Доброшинци и Градошорци, како и прекин на снабдувањето со електрична енергија во селото Свидовица.

На подрачјето на СВР Битола не се регистрирани значителни последици. Само на подрачјето на ПС Македонски Брод е забележан краткотраен силен ветер, без пријавени материјални штети или паднати дрвја.

На  подрачјето на СВР Штип регистрирани се 14 оштетувања на патнички возила и 6 оштетувања на кровни конструкции

Во Транзитниот центар Табановце се регистрирани оштетувања на дел од привремените објекти за сместување на мигранти (шатори и помошни објекти), како и паднати дрвја без предизвикана материјална штета.

ПредходнаРусија: Германија развива нуклеарно оружје
СледнаВојната во Иран ги чинеше САД 37,5 милијарди долари и 430 ранети 18 загинати војници