дома Македонија Беќаровски за водата во Валандово: Акутно труење со арсен настапува при дози...

Беќаровски за водата во Валандово: Акутно труење со арсен настапува при дози илјада пати повисоки

По информацијата дека водата за пиење во Валандово содржи арсен, доктор Ниќо Беќаровски кој работи на Клиниката за токсикологија во Скопје во објава на Фејсбук објаснува дека нема потреба од паника и страв бидејќи краткотрајното конзумирање нема никаков здравствен ризик.
– Бидејќи сум само еден од 3 (трите) супспецијалисти клинички токсиколози во Македонија, “си дозволив” ЈАВНО да ги советувам граѓаните на Валандово.

1. Ефектите при овие концентрации исклучиво зависат од должината на конзумирање на водата.
2. Краткорочното конзумирање, неколку дена до неколку недели за најголем дел од населението НЕМА НИКАКОВ ЗДРАВСТВЕН РИЗИК И НЕМА ДА СЕ МАНИФЕСТИРААТ НИКАКВИ СИМПТОМИ, велу Беќаровски.
Според него, нема никаква потреба да се трча по доктори, бидејќи акутно труење со арсен настапува при дози кои се илјада пати повисоки.
– Оваа вода токсиколошки е апсолутно безбедна за техничка употреба и туширање, вели Беќаровски.
ПредходнаВодата за пиење во Валандово содржела зголемено ниво на арсен