дома Македонија Собранието одлучува дали Зулфиќар Зејнула ќе биде нов министер без ресор

Собранието одлучува дали Зулфиќар Зејнула ќе биде нов министер без ресор

Собранието денеска треба да го избере Зулфиќар Зејнула за министер без ресор со што се заокружува изборот на новите министри опфатени со реконструкцијата на Владата.

Зејнула е претседател на Демократската партија на Турците и со него премиерот Христијан Мицкоски на почетокот на јули потпиша договор за политичко партнерство.

Зејнула е роден во Гостивар, а по професија е дипломиран криминолог. Во периодот од 2021 до 2024 година работи како заменик-директор на Дирекцијата за заштита и спасување, а од 2018-2021 година како советник во Општина Гостивар.

Претходно, на 13 јули беа избрани и останатите осум министри во рамки на реконструкцијата што ја направи премиерот Христијан Мицкоски.

ПредходнаКалибаф: Стратегијата на САД за ослабување на Иран во контролата на Ормутскиот теснец се врати како бумеранг
СледнаЦУК распореди цистерни со вода во Гостивар