дома Македонија Тешка кражба во потстаницата Драчево, украдена опрема вредна пет милиони евра

Тешка кражба во потстаницата Драчево, украдена опрема вредна пет милиони евра

Тешка кражба се случила во електровлечната потстаница Драчево. Од Министерството за транспорт информираат дека се превртени два големи електроенергетски транформатори, секој со тежина од над 30 тони, испуштено е трансформаторското масло, а бакарните жици и шини се украдени.

Според Министерството, со кражбата предизвикано е целосно уништување на значаен дел од електроенергетската опрема на железничката инфраструктура. Материјалната штета се проценува на околу пет милиони евра.

– Од подстаницата се украдени бакарни жици, бакарни шини и прачки, како и практично сите уреди и елементи неопходни за нејзиното функционирање. Со ваквото противправно дејствие, објектот е доведен во состојба на целосна нефункционалност.
Според првичната проценка, директната материјална штета изнесува околу 5 милиони евра. Овој настан не претставува само кражба на бакар и опрема, туку тежок напад врз критичната железничка инфраструктура и врз имотот на државата и граѓаните. Оштетувањето на објекти од ваков вид може да предизвика сериозни последици за безбедноста, стабилноста и редовното функционирање на железничкиот сообраќај, велат од Министерството за транспорт.

Бараат итна и темелна истрага и идентификување и одговорност од сторителите и сите лица вклучени во кражбата.

ПредходнаГостиварци се уште не можат да ја користат водата за техничка употреба