дома Македонија Економија Нов ценовен скок на горивата, дизелот речиси до 100 денари за литар

Нов ценовен скок на горивата, дизелот речиси до 100 денари за литар

Нов ценовен шок за возачите – од полноќ поскапи бензини за три денари и дизел за 4,5 денари. Регулаторната комисија за енергетика согласно новата одлука ги зголемува цените на нафтените деривати во просек за 4,55 проценти.
       Тоа значи дека малопродажната цена на Еуросупер БС-95 од полноќ ќе биде 93 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе с епродава по цена од 95 денари за литар.
Цената на дизелот со најновото поскапување се доближува речиси до 100 денари односно ќе се точи по цена од 98,5 денари за литар.
За пет денари скока и цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое според новата одлука на РКЕ ќе се продава по цена од 98,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 2,726 ден/кг, во однос на претходно утврдената односно тој ќе се продава по цена од 48,099 ден/кг.

ПредходнаТошковски: Во мирнодопски услови нема потреба војската и полицијата да ги чуваат водоводните системи
Следна„Огнен облак“ над Бордо. Квалитетот на воздухот е многу лош, луѓето носат маски