Легендарниот пејач Здравко Чолиќ на 25 јули одржа голем концерт во Требиње, каде што изведе тричасовен музички спектакл пред околу 15.000 луѓе, а еден од неговите потези во текот на настапот особено го привлече вниманието на публиката.
На концертот пристигнале обожаватели од Требиње, како и од бројни градови во Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Хрватска, за заедно да ги отпеат најголемите хитови на еден од најпопуларните пејачи од овие простори.
Во текот на вечерта се нижеле песни што ја одбележаа богатата кариера на Чолиќ, а публиката наглас заедно со него го пеела секој стих, потврдувајќи дека неговите песни сè уште имаат посебно место меѓу сите генерации.
@ssatreb #zdravkocolic #Summer #friends #vine #trebinje ♬ original sound – Ssa Treb
Набрзо потоа, тој го шутнал празното шише кон публиката, а видеото од тој потег набрзо почна да се споделува на социјалните мрежи и предизвика бројни коментари.




