Во Прилеп денеска среда, 29 јули 2026 година, ќе се спроведе втората фаза од превентивната ларвицидна дезинсекција на нејзината територија.

Акцијата ќе ја реализира ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје, а стручен надзор над спроведувањето ќе врши ЈЗУ Центар за јавно здравје Прилеп.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени околу 30 хектари површини со стоечки води и потенцијални жаришта за развој на комарци. Ќе се третираат бари, мочуришта, фонтани, одводни канали, градската река и други водени површини каде постои ризик од појава и размножување на комарци.
Целта на активностите е навремено уништување на ларвените форми на комарците, намалување на нивната бројност и превентивна заштита на јавното здравје, како и подобрување на условите за животната средина.
Од Општина Прилеп посочуваат дека ваквите активности се дел од континуираните мерки за контрола на комарците и создавање поздрава и побезбедна средина за граѓаните.




