дома Култура Концертот „Звук што расте“ на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија...

Концертот „Звук што расте“ на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ утревечер го затвора Скопско лето

  Со концерт насловен „Звук што расте“ – 40 години Камерен оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“, утревечер, на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан со почеток во 20:30 часот  свечено ќе биде затворено овогодишното 47-мо издание на фестивалот Скопско лето.

Концертот „Звук што расте“ на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски - Ѓумар“ утревечер го затвора Скопско летоВо свечената атмосфера на затворањето на 47. Скопско лето, Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ одбележува значаен јубилеј – 40 години постоење и континуирано музичко творештво.

Под диригентската палка на Иван Еминовиќ, концертот носи програма составена од дела на современи македонски композитори, обединувајќи различни музички естетики, авторски пристапи и современи звуковни пејзажи.

-Јубилејната вечер претставува омаж на домашното музичко творештво и на долгогодишната улога на оркестарот во развојот на македонската музичка сцена, стои во објвата на Скопско лето.

ПредходнаЗапочна снимањето на долгометражниот игран филм „Мравки“
СледнаИгор Џамбазов е добитник на наградата „Васил Иљоски“ за 2026 година